Ракомет

Македонските ракометари од вториот шешир ќе ги чекаат ривалите за пласман на ЕП

Македонските ракометари од вториот шешир ќе ги чекаат ривалите за пласман на ЕП

Македонската сениорска репрезентација ќе се обиде да го задржи континуитетот на големите натпреварувања, па така за да се пласираме на Светското првенство во 2025 година ќе мораме да го добиеме баражот со Фарски Острови, а пак ждрепката за Европското првенство во 2026 година ќе ја дочекаме од вториот шешир, потврди Европската ракометна федерација.

На овој шампионат ќе настапат 24 репрезентации со тоа што четири мести веќе се пополнети со домаќините Данска, Шведска и Норвешка, плус тука е и актуелниот шампион Франција.

За 20 достапни места ќе се борат 32 селекции меѓу кои и Македонија која ждрепката на 21 март во Копенхаген ќе ја дочека од вториот шешир во кој се сместени уште Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија, Полска, Фарски Острови, Грција, репрезентации со кои не можеме да се соочиме во квалификациите.

Прво и второпласираните ќе обезбедат место на ЕП како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

To top