Ракомет РФМ и министерство за спорт

Македонските ракометари ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на ЕП 2026

Македонските ракометари ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на ЕП 2026

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука за доделување на парична награда од 1,5 милиони денари за успешен пласман на претстојното ЕП, а исто така дополнителна мотивација следи од Министерството за Спорт по одлука на министерот Борко Ристовски, кој вети дополнителна парична награда од 1,5 милиони денари.

Македонија има само два освоени бодови по четири одиграни меча, па мора да слави против Естонија на 8 мај и Литванија на 11 мај, но притоа и да се надева на пораз на Литванците во дуелот од Словенија.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија во Талин се игра на 8 мај од 18 часот, додека нашите ракометари во истиот термин на 11 мај на домашен терен ја пречекуваат Литванија.

To top