Македонската ракометна репрезентација до 18 години избори пласман на Европското првенство, откако попладнево во „Автокоманда“ го победи националниот тим на Косово со 33:24 (полувреме 15:11).
Најзаслужни за триумфот на домаќините беа Теодор Пецаноски со осум гола и Трајковски со шест гола.
Покрај Македонците, пласман на Европското првенство од оваа квалификациска група изборија и Швајцарците кои денес славеа победа над Словачка со 29:25.
Европското првенство 2024 ќе се игра во Црна Гора. (МИА)