Ракомет

Македонија втората фаза на СП ја стартува утре против Португалија

Македонија втората фаза на СП ја стартува утре против Португалија

Maкедонските ракометарки до 20 години се пласираа помеѓу најдобрите 16 во светот на Светското првенство за младинки кое се игра во Скопје.

Македонија не пренесува бодови, како и Црна Гора, додека Португалија и Исланд имаат по два.

Од останатите групи во групата 1 играат Швајцарија (2), Холандија (2), Романија (0) и Египет (0), во Групата 2 се наоѓаат Унгарија (2), Данска (2), Норвешка (0) и Јужна Кореја (0), додека во Групата 3 се селекциите на Шведска (2), Франција (2), Германија (0) и Кина (0).

Место во четвртфиналето обезбедуваат најдобрите две селекции од секоја група. Македонија втората фаза почнува утре против Португалја од 16:15 часот, еден ден подоцна ќе играме против Црна Гора од 20:15 часот.

Двата натпревари ги играме како и протходните во „СЦ Брорис Трајковски“.

To top