Ракомет

Македонија триумфираше и против Романија на ЕП во Целје

Македонија триумфираше и против Романија на ЕП во Целје

Македонската ракометна репрезентација до 20 години беше подобра од Романија со 31-26 во втората фаза по групи која се игра за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Целје.

Романците подобро го почнаа натпреварот, имаа предност од 8-5, но тогаш Македонија се крена и за кратко време направи пресврт. Поведовме со 13-11, сепак Романија не се даваше, на полувремето се замина со нерешени 15-15.

Во второто полувреме Македонија покажа дека е поквалитетна селекција, направи серија од 6-0, поведовме со 23-17 и до крајот рутински завршивме за конечни 31-26.

Узунчев со шест гола беше најефикасен, пет постигна Карасманакис, а четири Калајџиески. Брестовац и Галевски имаа по седум одбрани.

Македонските ракометари се први во групата И со четири бодови, по што следи Франција со два, а Полска и Романија немаат бодови.

To top