Ракомет

Македонија со триумф над Италија го заврши настапот на ЕП и го задржа статусот во елитата

Македонија со триумф над Италија го заврши настапот на ЕП и го задржа статусот во елитата

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја победи Италија 23:19 во натпревар од разигрувањето на Европското Првенство во Црна Гора и ја оствари примарната цел на овој престижен турнир.

Нашите ракометни надежи со денешниот триумф ја искористија втората шанса за обезбедување опстанок во елитното друштво, па Македонија ќе има свој претставник и на следното издание на европските првенства во оваа конкуренција.

Митев со 6 и Крстевски со 4 голови беа најефикасни во македонскиот состав, а фантастичен настап имаше пред се голманот Ѓорѓи Николовски кој собра 18 одбрани со 50% успешност.

Кадетите дополнително ќе го дознаат следниот противник во разигрувањето за место од 17 до 20. позиција.

To top