Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра уште еден храбар натпревар на Европското првенство во Словенија и славеше над Франција со 30-29, освојувајќи го на крајот деветтото место на турнирот.
Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев со по шест погодоци, а зад нив беа Димитар Узунчев со пет гола и Мирче Калајџиески, кој постигна еден погодок помалку.
Оваа репрезентација навистина ветува многу за во иднина и прикажа дека Македонија има на што да се надева кога се работи за ракометот.
Загуби само еден натпревари и со сигурност заслужи подобар пласман од деветтото место.