Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за пласман на Европското првенство во 2026 година.
Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1“ со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.
На ЕП одат првите две од групата,и четири најдобри третопласирани од осумте квалификациски групи.
Натпреварите од евроквалификациите ќе стартуваат во октомври 2024 година, а потоа ќе има уште два термини во март и мај 2025 година.