Македонската женска ракометна репрезентација загуби и на вториот натпревар кој го одигра на „Трофеј Карпати“, овојпат од репрезентацијата на Словачка која беше подобра со 29:27.
Најдобрите македонски ракометарки се прикажаа во далеку подобро светло од мечот со домаќинот Романија, но тесниот меч сепак им припадна на противничките.
Последниот натпревар на „Трофеј Карпати“ го играме утре, а наш противник ќе биде селекцијата на Швајцарија.