Машката ракометна репрезентација на Македонија е поразена во првиот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство.
На гостувањето во Пореч, македонските ракометари загубија од домашната Хрватска со 26-23.
По двете почетни водства (0-1 и 1-2), домаќинот во два наврати поведе со два разлика (4-2 и 6-4). Сепак, капитенот Кузмановски испеа да го врати нашиот национален тим за израмнување на 7-7. Но, во наредните речиси седум минути игра, жолто-црвените не постигнаа ниту еден гол, па Хрватите за прв пат направија четири голови предност (12-8). На полувремето, Македонија имаше три негатива 14-11.
Во вториот дел Хрватите имаа и најголеми пет гола предност што се покажаа како решавачки. Македонските ракометари постојано ја бркаат негативата, дојдоа на -1, но не успеаја комплетно да ја анулираат.
Најефикасен ракометар во нашата репрезентација беше капитенот Филип Кузмановски со 7 голови.
Ова беше првиот од четирите контролни натпревари за македонските ракометари, кои за новогодишните празници ќе бидат во Скопје. Потоа, од 8 до 10 јануари заминуваат за Швајцарија, јаде покрај со домаќинот, ќе играат и против Бахреин и Украина.
Македонските ракометари Европскиот шампионат ќе го почнат на 16 јануари со дуелот против ко-домаќинот Данска. Противници на македонија во Б групата чии натпревари ќе се играат во Хернинг ќе бидат и Португалија и Романија.