Ракомет

Македонија подобра од Бахреин на првиот меч од Жолтиот Куп

Македонија подобра од Бахреин на првиот меч од Жолтиот Куп

Македонската ракометна репрезентација запиша победа против Бахреин на првиот меч на „Жолтиот Куп“ со 32-28. Ова е прв триумф за нашите ракометари во рамките на подготовките пред стартот на Европското првенство во Скандинавија.

Капитенот Филип Кузмановски беше најефикасен и постигна 9 гола, а зад него беа Костески и Џонов со по четири погодоци.

Нашите репрезентативци утре ќе играат против Укрина, а мечот е закажан со почеток во 17:45 часот.

 

To top