ЕХФ и официјално ги објави шеширите за ждрепката која ќе се одржи во четврток од 19 часот, а Македонија е во одлична позиција бидејќи се наоѓа во вториот шешир и ќе биде во група со два (условно) послаби противника.
Заедно со нас во вториот шешир се и селекциите на Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Холандија, Полска и Србија, што би значело дека против нив не може да се паднеме во иста група.
Од првиот шешир можни противници на Македонија се: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија и Шведска.
Третиот шешир го сочинуваат селекциите на: Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија и Украина.
Можни противници на Македонија од најслабиот, четврти шешир се: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка и Турција.
Европското првенство во 2028 година ќе се игра во Португалија, Шпанија и Швајцарија, а освен овие три селекции, пласман има обезбедено и селекцијата на Данска, како освојувач на првенството во 2026 година.
Пласман на следниот континентален шампионат ќе обезбедат по две најдобри селекции од секоја група, како и најдобрите четири селекции (од шест групи) кои ќе завршат на третото место.