Ракомет

Македонија од третиот шешир ги чека ривалите за СП 2025

Македонија од третиот шешир ги чека ривалите за СП 2025

Македонија на 29 мај ќе ги дознае ривалите на СП 2025, а ќе ги чека од третиот шешир каде што се уште и Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.

Во првиот шешир се Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија и Египет.

Во вториот шешир се Австрија, Норвешка, Португалија, Хрватска, Чешка, Полска, Исланд и Холандија, додека во четвртиот се Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Зеленортски острови, Гвинеја, САД и една селекција ќе добие вајлд-карта.

To top