Ракомет

Македонија ќе одигра пријателска средба со Словенија во Анкара

Македонија ќе одигра пријателска средба со Словенија во  Анкара

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Словенија.

Нашите девојки повторно ќе се сретнат со ривалките од квалификациската група за Европското првенство, а овој пат нивната пресметка ќе се одигра во главниот град на Турција, Анкара.

Натпреварот е закажан за шести декември и ќе биде дел од четирите подготвителни средби на Словенките, кои во моментов се втори во нашата група со четири освоени бодови.

Македонија ќе ги продолжи квалификациите следната година, кога на програмата има уште четири натпревари. Против Словенија се среќаваме на 12 април на гостински терен.

To top