Остануваат повеќе од 11 месеци до почетокот на Светското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција што ќе се одржи во Германија во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година.
Сите групи на Мундијалот ќе бидат познати на 10 јуни 2026 година во Минхен, а Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави шеширите пред ждрепката.
Покрај домаќинот Германија, директно место обезбедува и актуелниот светски шампион Данска која неодамна се закити и со европската титула.
Фото: Ракометна федерација на Македонија
Македонија ќе биде во вториот шешир доколку го помине мундијалскиот бараж
Остануваат повеќе од 11 месеци до почетокот на Светското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција што ќе се одржи во Германија во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година. Сите групи на Мундијалот ќе бидат познати на 10 јуни 2026 година во Минхен, а Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави шеширите пред ждрепката.
Препорачано
-
Виц на денот: Запросување
-
На денешен ден – 10 февруари: Починал Џозеф Листер, основач на антисептичката медицина, кој во 1867 година прв ја вовел во хирургијата
-
Загрижувачки вести: Вирусот нипа, со стапка на смртност до 75 отсто, повторно е активен
Покрај домаќинот Германија, директно место обезбедува и актуелниот светски шампион Данска која неодамна се закити и со европската титула.
Од Европа потврдени се уште четири репрезентации: Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска. Од Африка учесници Египет, Тунис, Зелен ’Рт, Алжир и Ангола, од азискиот континент Бахреин, Катар, Кувајт и Јапонија, а Јужна и Централна Америка учествуваат со четири селекции: Аргентина, Бразил, Чиле и Уругвај.
Составот на сите шешири ќе биде комплетиран со победникот на првенството на Северна Америка и Карибите, 10 репрезентации од плејофот во третата квалификациска фаза на Европа во мај 2026 година, плус две вајлд-карти што ќе бидат доделени од Советот на ИХФ.
Прелиминарната фаза на СП 2027 ќе се состои од осум групи од по четири репрезентациите, при што првопласираните три од секоја група ќе продолжат во главната фаза од натпреварувањето.
Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против победникот од дуелот Украина – Словачка во баражот за пласман на Мундијалот.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на гостински терен на 13/14 мај, додека реваншот е закажан на домашен терен на 16/17 мај 2026 година.
Нашата репрезентација ќе се бори за пласман на своето 10. Светско првенство.
