Женската ракометна репрезентација оствари победа на пријателскиот меч против селекцијата на Турција и славеше со конечен резултат 26-29.
Нашите девојки одиграа одличен натпревар и се прикажаа во одлично светло, па затоа и заслужено се радуваа на крајот.
Турчинките беа цврст ривал, на паузата резултатот гласеше 12-12, но во второто полувреме Македонија одигра подобро и дојде до победата.
Петковска со десет одбрани и Ризоска со единаесет гола беа главни архитекти на нашата победа.
Овој меч се играше во рамки на ЕХФ неделата, а нашите репрезентативки сега ги очекуваат дуели против Словенија и Словачка.