Ракомет

Македонија и Австрија одиграа нерешено

Македонија и Австрија одиграа нерешено

Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено против Австрија 30-30 во пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата.

Капитенот Филип Кузмановски беше спасител, овој пат од седум метри со кој го постави конечниот резултат.

Македонија имаше шанса и да победи, со оглед на тоа дека во вториот дел водеше и со четири гола разлика.

Овој дуел е подготовка за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година, каде „црвено-жолтите“ името на противникот ќе го добијат утре. 

Прв стрелец беше Кузмановски со 10 гола, Митев имаше 5 гола, а по три имаа Велковски и Николов.

 

To top