Kaдетската машка ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на ЕП во Црна Гора.
По поразот од Франциај со 29:28, денеска подобра од Македонија беше Германија со 19:25.
Самоил Ристевски беше фантастичен во дресот на Македонија. Младиот кружен напаѓач беше автор на единаесет гола, а уште петмина наши ракометари ја стресоа германската мрежа. Петар Илиевски постигна пет, а по еден запиша Димовски, Лазов и Крстевски.
Треба да е напомне дека нашата селекција на овој натпревар играше без својот најдобар играч, Дамјан Митев, кој поради повреда не можеше да им помогне на соиграчите.
Во третото коло Македонија ќе игра со Полска, селекција која што во својот прв меч загуби од Германија со 21-39.