Ракомет

Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година

Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Литванија со 29-27, во меч од квалификациите за пласман на ЕП. После тешката победа над Естонија на домашен терен во првото коло, избраниците на Кирил Лазаров потклекнаа против мотивираните литванци и само си го компликувавме патот до континенталниот собир.

Ова беше четврти официјален натпревар помеѓу Литванија и Македонија, а ние се уште немаме победа против селекцијата од Балтикот.

Македонската репрезентација одигра лошо прво полувреме, во кое освен почетното водство од 1-0 и 2-1, темпото го диктираа домашните, кои на моменти имаа и предност од три гола разлика, но сепак, на паузата се замина со минимално водство за Литванија од 13-12.

На стартот од второто полувреме, веднаш пресврт и водство на Македонија, но не успеавме да се одлепиме, па водството го имавме се до 21-20, а потоа повторно домашните поведоа, а во финишот од мечот и со два гола предност, што на крајот се покажа и како доволно за победа. Ние до крајот иако форсиравме, сепак не успеававме да се вратиме резултатски, па на крајот и заслужено бевме поразени.

Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен, додека Пешевски и Серафимов мечот го завршија со по пет гола. Квалификациите за пласман на Европското првенство ги продолжуваме во март следната година со двомеч против Словенија.

To top