Ракомет

Македонија ги доби противниците во битката за ЕП 2026 година

Македонија ги доби противниците во битката за ЕП 2026 година

Женската ракометна репрезентација на Македонији ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2026 година ќе се игра во пет различни земји.

Нашите ракометарки се најдоа во групата 3 заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија.

Првите две рунди од евроквалификациите се играат од 15-ти до 19-ти октомври оваа година, а нашите ракометарки во првото коло и гостуваат на Германија, а потоа во второто играме со Словенија на домашен терен. Во месец март идната година ги играме двата дуели со Белгија, најпрво на гостински терен, а потоа и пред домашната публика.

Во последните две кола во април 2026 година, ја пречекуваме Германија, а квалификациите ги завршуваме на гости кај Словенија.

Првите две репрезентации од сите шест квалификациски групи ќе обезбедат пласман на Европското првенство, како и најдобрите четири третопласирани тимови.

На турнирот веќе се пласирани медалистите од претходниот континентален турнир Норвешка, Данска и Унгарија, како и петте репрезентации домаќини на Европското првенство во 2026 година, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

 

To top