Ракомет

Македонија е комплетна пристигна и Томовски

Македонија е комплетна пристигна и Томовски

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав ги одработува подготовките за настап на престојното Европско првенство. Последен во стројот се приклучи Мартин Томовски.

Репрезентативниот голман имаше обврски со својот клуб Битигхајм, каде блеска цела сезона. Посакува истата форма да ја пренесе и во националниот дрес.

„Се чувствувам одлично, бранев во добра форма на клупски план. Искрено се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во репрезентативниот дрес“, вели Томовски, кој од денеска се приклучи на подготовките на националниот тим.

Македонија на Европското првенство ќе игра против Данска на 16 јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека групната фаза која се игра во Хернинг ја затвара против Романија.

To top