Ракомет

Македонија договори тест меч за време на ЕХФ неделата во март

Македонија договори тест меч за време на ЕХФ неделата во март

Ракометната федерација на Македонија и селекторот Кирил Лазаров веќе ги планираат активностите за 2026 година.

По ждрепката за баражот за Светското првенство во Германија, нашиот национален тим ја проектира иднината и ќе се обиде во оптимална форма да го дочека двомечот од баражот во мај против Словачка и Украина.

Австриската ракометна федерација објави дека македонската ракометна репрезентација ќе биде спаринг партнер на избраниците на Икер Ромеро за време на ЕХФ неделата во март.

Дуелот меѓу Австрија и Македонија ќе играат во Арената „Риден Ворклостер“ во Брегеннц на 21 март од 18:00 часот.

Украина или Словачка ќе биде противник на македонската репрезентација во баражот за учество на Светско првенство наредната година.

To top