Актуелниот европски ракометен шампион Магдебург ја одбрани титулата на Суперглоуб откако во финалниот меч во германското дерби по продолженија славеше над Фуксе Берлин со 34-32.
Тимот од главниот град на Германија одигра многу подобро во првиот дел, а одличната игра ја материјализираше со позитива од три гола на пауза 16-13. Буквално со истиот резултат Магдебург возврати во вториот дел, па по шеесет минути игра резултатот беше 29-29, а мечот замина во продолженија.
Таму ракометарите на Магдебург беа посконцентрирани и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 32-34. Албин Лагерген со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа деветте погодоци на Матијас Гидсел.
foto:Adria Costelu