По стартната победа на Европското првенство против Романија со 40:34, селекцијата на Португалија во второто коло за ривал ја има македонската ракометна репрезентација.
Во таборотна португалската репрезентација се подготвуваат за следниот дуел.
,”Навистина сум среќен за победата. Следниот дуел ќе биде сосема поразличен имаат играчи со голем квалитет во нападот. Ќе биде потешко отколку со Романија. Тие одиграа навистина добро прво полувреме против Данска. Ако сакаме да минеме во следната фаза мора да ја завршиме работата и да ја победиме македонската репрезентација. Ние веќе не сме тим што изненадува, покажуваме дека сме добар тим. Секако имаме поголем притисок, но ни се допаѓа овој вид на притисок, изјави Мартим Кошта, португалскиот репрезентативец.
Тој на дуелот со Романија заработи и повреда, но изјави дека покрај малата болка ќе биде подготвен за игра во недела.