Ракомет

ЛШ: Еурофарм Пелистер загуби убедливо од Пик Сегед

ЛШ: Еурофарм Пелистер загуби убедливо од Пик Сегед

Еурофарм Пелистер никако да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Mакедонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34:26 (18:19) за седми пораз во рамките од групата „А“.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Василев со пет голови, а по четири имаа Радивојевиќ и Атанасијевиќ.

Следниот меч играчите на тренерот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 22 ноември повторно против Пик Сегед, но овојпат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

фото: РК Еурофарм Пелистер

To top