Легендарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар ќе биде главен промотор на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19 до 23 август во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.
Червар ќе биде специјален гостин на турнирот. Ден пред неговиот почеток, тој ќе учествува на официјалната прес-конференција заедно со претставници на клубовите и организаторите, на која ќе биде најавено почетокот на настанот.
Во текот на турнирот, Червар ќе има активна улога во официјалните церемонии – ќе доделува награди за најдобрите поединци на натпреварите и за најистакнатите играчи на целиот турнир.