Македонскиот вицепрвак Алкалоид, доживеа пораз од Војводина на гостувањето во Нови Сад, што беше четврти во групата во Лигата на Европа со 34-29.
После натпреварот своите импресии ги искажа тренерот Кирил Лазаров, кој уште еднаш кажа дека неискуството на вакви натпревари за екипата и играчите го зеде уште еднаш данокот.
„Борбен натпревар од двата тима. Војводина е квалитетен состав и искусен. Тоа го кажав уште пред натпреварот. Противникот секогаш воведува нешто во играта, имаат квалитетни играчи и тешко се играше против нив, особено кога имаш млад состав како што е нашиот. Учиме од овие натпревари и собираме искуство“, рече Лазаров.