Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров по ждрепката за СП 2025 година. Македонија ќе игра во групата Д против Унгарија, Холандија и Гвинеја.
„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи.
Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“.