Ракомет

Лазаров пред мечот со Данска: Нема што да загубиме, одиме да уживаме и да учиме од најдобрите!

Лазаров пред мечот со Данска: Нема што да загубиме, одиме да уживаме и да учиме од најдобрите!

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред најтешкиот можен старт на Европското првенство – дуел со домаќинот и светскиот владетел Данска. В петок, нашите ракометари ќе излезат на терен против селекција која Кирил Лазаров ја дефинира како најдобра во последната деценија, но пораката на селекторот е јасна: страв не смее да има.

Селекторот уште еднаш потсети на суштината на неговиот проект – смената на генерации. Овој процес, кој е болен дури и за најголемите светски велесили, кај нас се одвива чекор по чекор.

„Ние сме мала земја и мора да бидеме трпеливи. Во последните две години сум многу задоволен од тоа како напредуваме. Најважно е што ја менуваме генерацијата постепено, а тоа е исклучително тежок процес“, објаснува македонската легенда.

,Мора да бидеме многу искрени. Секој има амбиции и секој сака да ги добие натпреварите.

Мора да знаеме дека имаме многу тешка група, играме против Данска во Хернинг. Исто така, против Португалија, која на последното Светско првенство играше полуфинале. Видовме дека на последното првенство Португалија ги победи Египет, Шпанија и Иран.

Многу е тешко да се каже „сакаме да одиме во втората рунда“. Сите го сакаат тоа”, потенцира Лазаров.

 

 

 

 

To top