Нашата машка ракометна селекција го доби првиот натпревар кој беше од затворен тип против овој Јапонија но на вториот забележа неуспех пред настапот на следното Европско првенство.
По натпреварот селекторот Кирил Лазаров нагласи дека Јапонците не беа за потценување и имаше само пофални зборови за нив.
*Сакам да кажам дека имавме екстра квалитетен противник за тестирање пред Европското првенство и самите се уверивте во нивниот квалитет. Се одигра натпревар во висок ритам сите 60 минути, а Јапонците покажаа дека играат речиси совршен ракомет без разлика на своите физички предиспозиции. Еден натпревар победивме, а сега загубивме. Се обидов да ги освестам момците дека ова е сериозна репрезентација која секогаш игра на Олимписки игри. Со самото тоа што ќе се погледнат имињата на кој е или бил селектор докажува дека вложуваат и сакаат да одат напред. Можам слободно да кажам дека дури и заслужено победија според прикажаното“, започна селекторот.
Освен за противникот, нашиот селектор се осврна и на нашата игра. Тој нагласи дека целта на овој собир било да се даде шанса на сите играчи, бидејќи конкуренцијата во репрезентацијата моментално е на огромно ниво.
„Немам замерка, иако можеби малку ни недостигаше ангажман за да победиме. Во секој случај добра подготовка за главното нешто што ни следува, а тоа е Европското првенство. Секогаш потенцирам дека треба да се навикнеме на брза игра. Невозможно е многу да менуваме, а тоа го искористија. Ова беше пријателска средба, ни недостигаа имиња, ама искористивме и да дадеме шанса на играчи кои помалку играат, да видат како е да се игра тесен меч и пред домашна публика. Задоволен сум од атмсферата, тоа е прв предуслов з адобра иднина. Се повторува нашиот менталитет, да се обрнува внимание и да бидеме сериозни без разлика на името на противникот. Денес буквално сите играат ракомет и тука имам мала замерка. Концепциски не бевме во можност да се обидеме да го одиграме она што сакаме да го играме на ЕП. Добија шанса сите и сакав да ја користат. Како никогаш досега во македонската репрезентација има многу играчи со сличен квалитет кои ќе конкурираат за место на списокот за турнирот. Некогаш можеби е добро да загубиме, ете во подготовки, за потоа да влеземе мотивирани во подготоките за ЕП и да го споменуваме поразот бидејќи сè може да се случи“, изјави Лазаров.