По мечот, анализа на дуелот во Скопје направи тренерот Кирил Лазаров.
„Честитки до Хановер, заслужија да победат. Јас сум разочаран, затоа што промашивме девет пенали во двата меча, а со такво нешто е невозможно да победиш тим кој долго беше лидер во Бундеслигата.
Знаевме дека се подобри од нас, но да промашиш девет пенали е многу. И така е многу тешко да победиш ривал кој знаел да ги победи Магдебург, Фуксе Берлин, Рајн Некар и други клубови…“, изјави Лазаров.
Сега фокусот на РК Алкалоид ќе биде во целост ставен на домашната сцена, каде тимот го чекаат обврските во Суперлигата, а потоа и во Купот на Македонија.