Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид смета дека немаше да биде незаслужено доколку и неговите момци извојуваа победа во дербито со Вардар во Суперлигата.
Во „Автокоманда“ лидерот по голема драма славеше со 25-27 и само ја потврди лидерската позиција во пресрет на разигрувањето за шампионската титула.
„Мислам дека немаше да биде незаслужено ако победевме и ние. Во еден момент имавме два гола разлика, но ни се повреди нашиот капитен, кој одлично ја менаџираше играта во нападот дотогаш. Во одбраната примавме многу голови од пасивна игра, Се играше споро, впрочем и резултатот го кажува тоа. Вардар е квалитетна екипа, а нам малку ни фалеше да стигнеме до позитивен резултат. Ќе анализираме добро, бевме многу блиску во одлучувачките моменти можеби ни фалеше добра организација баш во тие моменти. Ситуацијата со Ѓоргиев не ми е делува дека сè е во ред. Ќе видиме“, рече Лазаров.