Македонската машка ракометна репрезентација доживеа пораз од Литванија од 29:27 во вториот меч од квалификациите за пласман на ЕП во 2026 година.
Без разлика на овој пораз, селекторот Кирил Лазаров смета дека нема простор за паника и имаме реални шанси да ја оствариме целта, пласман на шампионатот во Данска, Шведска и Норвешка.
-Имавме и добри и лоши моменти. Тешко се победува на гости ако не сте доволно добри, денеска сите играат ракомет. Литванците на крајот беа поснаодливи. Меѓутоа нема простор за паника. Целта е пласман на ЕП. Сметам дека имаме реални шанси, ќе се обидеме да се корегираме. Недостасуваа браќата Костески и Јагуриноски, па имаме простор за напредок, -порача Лазаров.