Ракомет

Лазаров: Ќе го дадеме на терен најдоброто од нас во моментот

Лазаров: Ќе го дадеме на терен најдоброто од нас во моментот

Тренерот на ракометниот тим на Алкалоид, Кирил Лазаров за клупската интернет-страница даде изјава како увертира пред натпреварот од ракометниот Супер Куп против Е. Пелистер.

„Ќе играме со многу цврста и квалитетна екипа, а можам да кажам и многу искусна. Пред нас е тешка задача и голем предизвик. Ќе го дадеме на терен нашето најдбро во моментот и спортски ќе се надеваме на позитивен резултат. РК Е. Пелистер е уште поквалитетен од минатата година и очекувам квалитетен ракомет и на Суперкупот во Гевгелија“, изјави Лазаров.

Суперкупот на Македонија меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид се игра во салата „26 Април“ во Гевгелија, на 4 септември од 19:00 часот.

Мечот ќе го судат најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

To top