Ракомет

Лазаров го одреди составот за дуелот со Романците

Лазаров го одреди составот за пресметката со Романија во кој ново име е левото крило Гоце Ојлески, кој вчера му се приклучи на националниот тим.

Лазаров го одреди составот за дуелот со Романците

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Хернинг против Романија го игра натпреварот од завршното, трето, коло во рамки на групата Б на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартниот пораз од Данска, одиграа нерешено против Португалија, со што ги задржаа шансите за пласман во главната фаза, а за тоа ќе им биде неопходна победа против Романија, по што одлуката ќе зависи и од вечерашниот дуел меѓу Данска и Португалија.

Лазаров го одреди составот за пресметката со Романија во кој ново име е левото крило Гоце Ојлески, кој вчера му се приклучи на националниот тим.

Во составот се и Иван Џонов, кој поради повреда, предвреме го заврши натпреварот со Португалија, како и Никола Маркоски, кој во неделата беше исклучен поради црвен картон. (МИА)

To top