Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжи подготовките за новиот голем предизвик – настапот на ЕП 2026 во Хернинг што ќе стартува на 16 јануари со дуелот со домаќинот Данска.
“Првата фаза е одработена, беше одигран и контролен меч со селекцијата на Хрватска, а селекторот Лазаров смета дека тој дуел и претрпениот пораз беше добредојден за да се увидат слабите страни во играта и да се извршат соодветни корекции.
Она што го планиравме тоа и го остваривме треба да знаеме дека трениравме доста интезивно овие осум дена, каде што првиот дел од поделивме на два дела, во Скопје и во Хрватска. Имавме идеални услови, особено во Хрватска за тренинг, бидејќи имавме на располагање сала во хотелот, имавме фитнес центар. Имавме одлична контролна средба, со оглед на интезитетот на тренирање, задоволен сум од мечот. Знам дека имаме доста работи за поправање, но ни остануваат 15 дена, знаеме што треба да работиме и на што да обрнеме внимание“, вели Лазаров.
Според селекторот, клучен фактор за наш добар настап на ЕП 2026 ќе биде и психолошката подготовка, за ракометарите полни со самодоверба да влезат во наредните предизвици.
„Јас секогаш зборувам за нашиот менталитет, малку можеби сум досаден, но тоа е така. Психолошка подготовка и самодовербата мора да ги поправиме, знам дека тоа тешко се менува поготово кога играчот ќе стигне до одреден број на години, не можеш да му промениш одредени навики кои ги има стекнато како мал, но одиме на тоа да го промениме тој менталитет и дека треба да веруваме во невозможното“, потенцира Кире Лазаров.
Ако сакаме да одиме напред не треба да очекуваме дека Данска, Португалија, Словенија, Франција или на пример една Хрватска, дека ќе биде послаба, ние треба да бидеме подобри. Тие секогаш ќе бидат подобри, а ние ако очекуваме да бидат слаби во тој случај бадијала го трошиме времето. Значи ние мораме да бидеме подобри, индивидуално попрофесионални затоа што се занимаваме со спортот број еден во Македонија, имаме одлични услови и одлични клубови и треба индивидуалниот перформанс, пред се, физички да го чувме своето тело и да го надоградуваме за да може да одговори на потребите на едно големо натпреварување како што е Европско или Светско првенство“, додава легендата македонскиот ракомет.