На репрезентативниот список откако го пропушти ЕП поради се врати Милан Лазаревски.
„Многу ми е мило што повторно сум дел од националниот тим. Фала му на Бога, повредата е минато и задоволен сум од тоа како се вратив и како фаќам форма. Добриот настап на Европско првенство ни овозможи полесен пат до следното Светско првенство. Овој натпревар ќе служи како увертира и воигрување на играчи кои немаат константна улога или повредените (на пример јас) пред баражот. Сите овие натпревари и собири се добредојдени и сигурен сум дека исходот ќе биде позитивен.
Не би сакал лично како играч да калкулирам и да бирам противик. Кога и да излеземе на терен ние сме професионалци и сакаме да се натпреваруваме. Имавме среќа во патот во квалификациите, но кој и да биде победник од првиот бараж, ние се гледаме како учесници на Мундијалот.
Главна цел е во најмала рака да го задржиме континуитетот на големите собири на Македонија“, изјави Лазаревски.
Македонија ќе ѝ гостува на Австрија на 21 март во Брегенц.
Нашата селекција го чека победникот од двомечот на Украина и Словачка кој ќе биде бараж ривал во борбата за Мундијалот.