Македонскиот ракометен репрезентативец Милан Лазаревски даде свое видување за мечот кој може многу да реши за конечниот пласман на Македонија на овој Мундијал.
„Од она што го видовме со Холандија, Катар покажа дека не е наивен противник. Иако бековите во таа селекција се во поодминати години, покажаа дека можат да придонесат многу за нивниот тим. Мислам дека нѐочекува тотално различен натпревар од претходните, ама ако пристапот ни е ист како и на минатите дуели, може да стигнеме до позитивен резултат. Според мене, адут треба да ни биде транзицијата и полуконтрата која ја негуваме, што е евидентно на ова СП“, потенцираше нашиот пикер, а потоа продолжи со анализата:
„Ако се знае дека нашиот утрешен ривал има постари играчи, можеме да им направиме проблеми. Иако се физички силни, мислам дека се доста спори и со таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам нашата шанса за позитивен исход“ вели Лазаревски.