Ракомет

Лазар Кукиќ потпиша за ПИК Сегед

Лазар Кукиќ потпиша за ПИК Сегед

Лазар Кукиќ, одлучи да не го продолжи договорот со Динамо Букурешт и во следната натпреварувачка сезона ќе има нов предизвик.

Според пишувањата на „Балкан Хендбол“, 28-годишниот ракометар на лето од Динамо Букурешт ќе се пресели во редовите на ПИК Сегед, кој сака да биде важен фактор на европска сцена.

Средниот бек и раководството на унгарскиот вицепрвак се договориле на соработка со важност од три сезони.

To top