Македонската машка ракометна репрезентација ја очекува настап на Светското првенство во кое во првата фаза ќе ги одмериме силите со Холандија, Унгарија и Гвинеја.
-Голема благодарност до Македонски Телеком за поддршката во сите овие години. Беше тешко да се минат Фарските острови особено по оној прв пораз, ама верувавме, македонскиот инает и срце беа клучни. Така треба да изгледа Македонија.
-Групата ни е тешка, добро ги анализираме противниците, максимално се подготвуваме за секој дел и верувам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот. Ќе покажеме како се игра за Македонија. Имаме високи цели и веруваме во нашиот квалитет, со надеж дека ќе ја израдуваме нацијата, – изјави капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски.
Првиот меч за Македонија на СП е против Унгарија на 15 јануари.