Еден од најдобрите македонски ракометари Филип Кузмановски го раскина договорот со германскиот бундеслигаш Вецлар.
Нешто, што веќе некое време се шпекулираше, денеска доби и официјална потврда од германскиот клуб. Нашиот репрезентативец од почетокот на сезоната има мала минутажа во германскиот тим, па сето тоа донесе двете страни спогодбено да се разделат.
„Договорот беше раскинат со заеднички договор. Филип дојде кај нас со желба да му биде дозволено да го напушти клубот и ние го испочитувавме ова, исто така затоа што тој за жал не ги оправда целосно нашите очекувања. Му благодариме на Филип за посветеноста и му посакуваме се најдобро во иднина“, вели генералниот директор на Вецлар Бјорн Сеип.
И дефинитивно се отвора патеката за кам-бек на битолчанецот во македонскиот ракомет, а прв фаворит за неговиот потпис е актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.