Машката ракометната селекција на Македонија не успеа да ја мине првата групна фаза на Европското првенство.
Нашите ракометари групата Б ја завршија на третата позиција со три освоени бода, пред Романија а зад Данска и Португалија.
Кузмановски е најдобриот стрелец и асистент во репрезентацијата. Постигна вкупно 28 гола од 43 обиди, а зад своето име забележа и 13 асистенции.
Одличниот настап на Кузмановски му донесе и место во Топ 3 меѓу стрелците во првата фаза од шампионатот, пред него е само Франциско Коста со еден гол повеќе (29).
На третото место е Скипагоду од Фарски Острови со 27 гола.
Втор најдобар стрелец во нашиот тим беше Серафимов со девет гола, Митев имаше осум, Велковски седум, а Павле Атанасијевиќ шест погодоци.
Кај голманите најмногу одбрани собра Мартин Томовски, кој патем беше и единствен што настапи на сите три натпревари. Членот на Битигхајм забележа 17 одбрани, а искусниот Митревски имаше пет.