Машката ракометна репрезентација на Македонија ги одбројува последните денови пред новиот настап на ЕП.
Македонските ракометари во Хернинг, Данска, а во силна конкуренција, ќе се обидат да стигнат до втората фаза, што е примарна цел.
Капитенот Филип Кузмановски со свои очекувања.
„Имаме тешка група, но играме за Македонија, се бориме за Македонија. Ние сме млад тим и покажуваме нешто на овој турнир. Долго време сме заедно – три, четири години играме заедно и ги познаваме сите. Ова е нашата силна страна. Го покажуваме најдоброто од себе”, вели Кузмановски.
Македонија шампионатот ќе го отвори против актуелниот европски олимписки првак Данска, кои топ фаворит за златото на Европскиот шампионат.
„Имаме мотивација бидејќи играме против Данска. За мене, Данска е фаворит за оваа титула. Играме во Данска во оваа полна сала, а тоа дава мотивација. Но, нашиот менталитет кога играме надвор во полна сала со многу луѓе од Данска, имаме мотивација да го покажеме нашиот квалитет. Се бориме 60 минути против Данска”, нагласува Кузмановски.
До првиот меч остануваат само уште три дена, односно на 16 јануари, за кога закажан натпреварот Македонија – Данска.