Филип Кузмановски го одигра најдобриот натпревар во историјата на македонската репрезентација на Европските првенства крај своето име запиша петнаесет погодоци.
„Некако тешко е да се говори, но по Данска верувавме во себе, знаевме дкеа имаме квалитет да играме со Португалија Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Со Данска мечот беше за уживање.
Среќен сум и горд на целата екипа што шесет минути се бореше за Македонија.
Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв во очите. Игравме со срце, душа и глава за Македонија, сега одиме понатаму, ако го повториме овој меч со Романците, верувам дека може да победиме.
Мора да влеземе во тој дуел со ладни глави. Сега е тешко да се прават математики, не знам каква е табелата, но наше е да одиграме исти шеесет минути, машки натпревар и се надевам на победа“, изјави Кузмановски.
Во последното коло, во вторник попладне. Македонија ќе се судри со Романија и мора да победи