Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со натпреварот против освојувачот на ракометниот Куп Алкалоид во Суперкупот на Македонија ќе означи официјален почеток на новата ракметна сезона.
По комплетирањето на подготовките и во пресрет на дуелот со скопскиот ривал, клубот организираше прес-конференција на која се обрати капитенот Филип Кузмановски.
„Пред сè сум среќен што навистина по тешки припреми сите сме здрави. Со мала повреда на Тајник, што мислам дека на последните натпревари се осети неговото отсуство. Добивме повеќе од младите играчи, како и лани. Мислам дека ќе имаат поголема улога годинава и ќе придонесат за екипата. Нас тие ни се потребни.
Се обидовме повеќе работиме на сегменти во одбраната кои ни недостигаа, да ги адаптираме новите играчи како Илија Абутовиќ, кој е искусен и ќе биде столб. Задоволен сум од голманите кои придонесоа и ќе придонесуваат, ќе помогнат да го исполниме планот за играта во нашиот систем“, изјави Кузмановски.