Ракомет

Кузманоски одбра осумнаесет ракометари за двомечот со Црна Гора

Кузманоски одбра осумнаесет ракометари за двомечот со Црна Гора

Горан Кузманоски, селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, го објави списокот на ракометари за претстојните два пријателски натпревари против соодветната селекцијата на Црна Гора.

Дуелите против Црногорците ќе бидат еден вид на стартни подготовки за настапот на Европското првенство во јуни во Србија.

Собирот ќе се одржи на вториот ден од новата година, со почеток од 17:30 часот во спортската сала „Јане Сандански“.

To top