Романската ракометна икона Кристина Неагу соопшти дека ја игра последната сезона во кариерата и дека по крајот заминува во пензија.
36-годишната Неагу се повлече од репрезентацијата на Романија по настапот на ЕП, а сега соопшти дека ќе ја заврши и играчкта кариера.
Романката која е под договор со ЦСМ Букурешт важи за една од најдобрите светски ракометарки во историјата на овој спорт.
Кристина Неагу е најдобар стрелец во историјата на Европските првенства со 303 гола. И тоа и во машкиот и во женскиот ранкинг. Зад неа е Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон со 288 гола.