Македонската женска ракометна репрезентација ќе настапи на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Селекторот Кристијан Грчевски веќе ги одреди девојките на кои ќе смета и го објави поширокиот список за репрезентацијата. На него има 35 ракометарки кои ќе се јават на првиот собир, а потоа Грчевски ќе го скрати списокот и ќе одбере кои од нив ќе настапат на главниот турнир.