Ракомет

Кристијан Грчевски ги собра ракометарките, целта се две победи со Белгија

Кристијан Грчевски ги собра ракометарките, целта се две победи со Белгија

Женската ракометна репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред двомечот со Белгија од квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Селекторот Кристијан Грчевски ги имаше на располагање повиканите ракометарки. Тимот ќе се комплетира во текот на денот. Атмосферата во репрезентацијата е позитивна пред важниот двомеч со Белгија.

Првиот натпревар со Белгија се игра на 4 март на гостински терен, додека реваншот е на 7 март од 17:00 часот во спортската сала во Куманово.

To top