Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески пред мечот со Данска кој важи за голем фаворит не само против нашиот национален тим, туку и за златото на настанот.
„Имаме тешка група, првиот меч ни е со Данска. Тука сме да дадеме се од себе, се спремаме за тоа што не очекува.
Најважниот дел ќе ни бидат дуелите со Португалија и Романија, таму ќе играме за следната фаза. Сакаме да ја пројдеме групата, мислам дека овој тим знае како да игра со тешки ривали, па зошто да не пробаме да изненадиме? Не смееме да се откажеме, мора да се покажеме во најдобро светло, треба да покажеме што знаеме и со Данска, како увертира за мечевите со Португалија и Романија“, изјави Костески.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во петок со почеток од 20:30 часот.